Хаос во Берлин: Повредени 155 полицајци и приведени 74 хулигани! (ВИДЕО)

Најмалку 155 полицајци се повредени во хаосот кој се случи на мечот меѓу Динамо од Берлин и Енерџи Котбус во четвртата германска лига.

Берлинската полиција соопшти дека досега 155 полицајци побарале медицинска помош, а притоа биле уапсени 74 хулигани.

„Билд“ пишува дека против 62 навивачи се повредени кривични пријави поради нарушување на јавниот ред и мир, но и напад на службени лица.