Јокиќ: Би сакал да имам клон, за да одморам малку!

Минесота тимбервулвс славеше против Денвер нагетс со 106-99 во првиот полуфинален натпревар во плејофот од Западната конференција во НБА-лигата, а Никола Јокиќ имаше само пофални зборови за ривалите.

Новинарите по мечот ги интересираше што би корегирал Јокиќ во неговата игра за следниот натпревар, а тој даде интересен одговор.

„Би сакал да имам клон, па да излезам и да одморам малку, а тој да игра. Потоа да се вратам свеж и да победиме“, кажа Јокиќ.