Егото на Меси почна да прави проблеми - одби да се поздрави со Покетино (ВИДЕО)

Имањето многу големи ѕвезди во екипата не секогаш е добра работа за тренерите, што на своја кожа најдобро го почувствува предводникот на ПСЖ, Маурицио Покетино, кој во финишот од вечерашниот дуел против Лион (2-1) се судри со егото на Лионел Меси.

Аргентинецот беше заменет во 76. минута при резултат 1-1, што дефинитивно не му се допадна, па при излегувањето од теренот одби да се поздрави со „шефот“ истовремено дофрлајќи му нешто. Тоа најверојатно беше прашање од типот „зошто ме вадиш“, нешто на што Меси не беше навикнат во Барселона.

Потегот на Покетино се покажа како исправен, со оглед што со неколкуте замени наметна пожесток ритам, што донесе победнички погодок во 92. минута преку резервистот Икарди. Неспортскиот потег на Меси може да го погледнете ТУКА.