Една авантура ѝ го уништи бракот: Илари го изневерила Тоти со млад тренер

Легендарниот фудбалер и капитен на Рома, Франческо Тоти минатиот месец се разведе од атрактивната водителка Илари Блази со која беше во брак дури 17 години, а причина за тоа е неверство од неговата поранешна сопруга.

Тие беа еден од најпознатите парови во Европа, а иако често се зборуваше дека се премногу заљубени еден во друг, сепак почнаа различни афери, по што на крајот Тоти се разведе од неговата избраничка.

Најпрво во медиумите се појави приказна дека Илари имала афера со познат економист, но најновите информации се дека атрактивната водителка всушност имала љубовна авантура со млад тренер.

Илари се заљубила во нејзиниот личен тренер Кристијан Јовино со кој била долго време во врска, а Тоти тоа го открил преку пораките на нејзиниот профил, по што решил дека треба да се разведат.