Двајца тренери во Германија суспендирани поради лажни ковид-сертификати!

Двајца тренери во Германија заработија суспензии откако властите ги фатиле дека користат лажни сертификати за вакцинација против ковид-19, а со тоа тие избегнувале да бидат тестирани според протоколите на фудбалската федерација на оваа земја.

Станува збор за бившиот тренер на Вердер Бремен, Маркус Афанг и неговиот помошник Флоријан Јунге, кои успеале да набават лажни ковид-сертификати за имунизација, но властите ги фатиле, па сега дисциплинската комисија ги суспендираше.

Афанг доби едногодишна суспензија плус 20.000 евра парична казна, додека Јунге доби 10 месеци суспензија и 3.000 евра парична казна.

Двоецот „паднал“ откако ги покажале сертификатите на властите поради контакт(и) со заболени, за да бидат иземени од изолација. Нивната суспензија важи од ноември, но откако се покајале и признале дека лажеле, дисциплинската казна добиле мало помилување, за да може да најдат ангажман од јуни за следната сезона 2022/23.