Додека го чека Реал: Мурињо ужива во Доха со швалерката и не може без Мен-ју (ФОТО)
Иако „специјалниот“ не го сакаат многу во Мадрид, барем поголемиот дел од Бордот на директори на „кралевите“, како и најголемите ѕвезди во клубот, сепак Перез не отстапува од целта да го донесе повторно на „Сантјаго Бернабеу“. И додека Мурињо чека повик за да се врати во Реал, Португалецот ужива на плажа во Доха и тоа со швалерката.
Од пред една година, англиските медиуми објавија дека Мурињо има љубовница и тоа во 41-годишната Пру Картер Робинсон, а папараците успеале да го уловат и сега во Катар, заедно со својот долгогодишен соработник и помошник Рикардо Формосињо.


Мурињо е во Катар поради договорот со „Беин Спорт“ вреден 100.000 фунти.
„Жозе и Пру се многу внимателни во јавноста, па дури и не лежат еден до друг на лежалките на плажа“, тврди изворот од Доха за англиски „Сан“.

Инаку Мурињо и Пру, наводно се во врска уште од времето кога Португалецот беше тренер на Реал, па многу често заедно поминуваат дел од одморот на атрактивни локации низ светот. Инаку Мурињо е во брак веќе 30 години со Матилде со која има две деца. Дека Мурињо има паралелна врска, англиските таблоиди открија во минатата година.
Интересно, Жозе и покрај отказот не може без Манчестер јунајтед, па на неговиот телефон и понатаму стои грбот на „црвените ѓаволи“.
