Додека другите штедат, Роналдо троши лудо – купи редок автомобил за 10 милиони евра (ФОТО)

Додека светот соочен со пандемијата со коронавирусот влегува во рецесија, а најголем број од жителите се во економска криза, најдобриот фудбалер во светот, Кристијано Роналдо, си направи шопинг односно потроши луда сума пари за автомобил какви што има само десет во светот.

Според англиски „Сан“, Португалецот потрошил скоро десет милиони евра за Бугари Чентодиечи и тоа во период кога се откажа од три милиони евра од својата плата во Јувентус за да се сочуваат работните места на вработените во клубот. Ако е ова точно, Роналдо само ја зголеми својата ергела автомобили, во која веќе има два Бугати тоа Чирон и Вејрон.

Италијанците веќе објавија дека Португалецот следното лето ќе си замине од Торино со оглед што ќе биде прескап за било кој италијански тим поради големата економска рецесија. Како негова следна дестинација се споменуваат ПСЖ и Манчестер јунајтед, можеби единствените два клуба во светот кои ќе може да си ја дозволат неговата годишна плата од 20 милиони евра.