Дилета се појави во атрактивно издание и им го запре здивот на навивачите (ВИДЕО)

Навивачите на Милан направија вистински спетакл на мечот против Аталанта (2-0), при што „росонерите“ стигнаа на само еден чекор до Скудетото на кое чекаат 11 години, а сведок на победата беше и атрактивната водителка Дилета Леота.

Леота во еден момент се појави на стадионот и им го запре здивот на навивачите, по што доби овации од трибините.

Атрактивното издание во кое се појави на стадионот привлече големо внимание и така Дилета покажа уште еднаш зошто е една од најпопуларните во светот.