Даер ја посвети наградата за играч на мечот на - вц-шољата! (ФОТО)

Фудбалерот на Тотнем, Ерик Даер не можеше да издржи и во еден момент го напушти мечот против Челси за да оди во тоалет, а веднаш по него тргна тренерот Жозе Мурињо за да го врати побрзо.

Даер на крајот на мечот се пошегува и наградата за играч на мечот му ја „посвети“ на тоалетот, додека Мурињо објасни зошто отрчал по него.

„Мораше да оди во тоалет. Веројатно тоа е нормално. Знаев дека е во тоалет, но сакав да побрза и да се врати на теренот“, вели Мурињо.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

The real M.O.M

A post shared by Eric Dier (@ericdier15) on