Мурињо сред меч отрча во тоалет за да го врати Даер на терен (ВИДЕО)

Тотнем се избори за пласман во следното коло во Лига Купот, откако го совлада Челси на пенали со 5-4, а мечот го одбележаа неколку невообичаени сцени.

Една од нив се случи кога Ерик Даер го напушти теренот и мораше да оди до тоалет, но Жозе Мурињо отрча по неговиот фудбалер за да го натера побрзо да се врати на теренот.