Даде гол за победа, па му се „нафрли“ порно актерка за да го чести со – жесток секс

Англиската порно актерка Ел Брук му вети жесток секс на херојот на Шефилд јунајтед од последниот меч со Вест Хем (1-0), Оливер Мекбрни откако тој го даде голот за победа со кој неговиот тим стигна до петтото место во Премиерлигата.

Ел Брук е голема навивачка на Шефилд, а ветувањето кон Мекбрни го дала во коментар откако фудбалерот на социјалните мрежи по победата им упатил порака на сите навивачи.

„Гол за три бода. Не се сомневам дека добро ќе се насладите за викендов“, напишал фудбалерот.

Експресно следела пораката на порно-актерката.

„Сите знаеме дека и ти добро ќе се насладиш за оваа победа“, му напишала Брук, па фудбалерот и вратил со бакнеж.

Англиската јавност веќе е во исчекување дали Мекбрни ќе ја прифати поканата од познатата глумица во филмови за возрасни.