Брутална тепачка меѓу Делии и Гробари во БиХ (ВИДЕО)

Навивачите на Црвена Звезда и Партизан жестоко се степаа минатата ноќ во Зворник, Босна и Херцеговина, при што беа повредени шест лица, а четири хулигани се уапсени од страна на полицијата.

Полицијата интервенирала на местото на инцидентот, каде што биле уапсени хулиганите, а потоа објави официјално соопштение.

„Имаше инцидент меѓу навивачки групи на Црвена Звезда и Партизан. Шест лица се пвореди, а четири се уапсени. Две лица имаат тешки телесни повреди“, соопштија од полицијата.