Брајант е добар бизнисмен: Вложи шест милиони, а четири години подоцна доби – 200 милиони!

Коби Брајант ја заврши професионалната кариера во 2016. година во дресот на Лос Анџелес лејкерс, а играчот ја замени кошарката со бизнис во кој влезе уште додека беше активен играч.

Коби во 2014. година вложи шест милиони долари и купи 10% од „Боди Армор“, спортски пијалоци кои беа конкуренција на познатиот „Гатораде“.

Четири години подоцна Коби е многу побогат човек. „Кола кола“ купи дел од „Боди Армор“, а по договорот со големата компанија, акциите на Брајант сега вредат дури 200 милиони долари.