Босанец ќе ги чести Црногорците, а ќе им докажува дека правиот бурек е со – месо!

Балканската пресметка пред неколку дена во Подгорица помеѓу Црна Гора и БиХ која заврши со реми 1-1, ја одбележа една духовита прокација од Црногорците кон Босанците, пеејќи им „бурек со сирење“, зашто Босанците не признавале никаков бурек освен со месо.

И не требаше многу време за да дојде одговор од Босна кон Црногорците во пресрет на септемврискиот реванш. Мечот ќе се игра во Зеница, а газдата на еден од најпознатите ресторани во градот „кај Фехро“, Фахрудин Мешковиќ – Фехро им најави на сите црногорски навивачи дека ќе ги нагости како што е редот од прв до последен, кои ќе дојдат на гостувањето.

Им вети целодневно мени, ама и да им докаже дека вистинскиот бурек е само со – месо. Црногорците нема да јадат само бурек, туку Фехро им вети дека ќе има печено месо на тон.

„Нема врска колкумина ќе дојдат. Можеме ние цела Црна Гора да ја нахраниме. Јас едвај чекам да ги угостам, што значи сите што ќе дојдат, право кај мене. Ќе ги чека 'печење' и бурек. Да видат што е прав бурек, а тоа е со месо. Сѐ останато е пита“. Кој нас и малку нѐ сака, ние него уште повеќе го сакаме и уште повеќе ќе му дадеме“, вели Фехро.

Инаку Црногорците ги собраа симпатиите во БиХ, откако собираа пари за да им купат ново комбе за неколкумина босански навивачи да се вратат дома, откако со тоа со кое дојдоа по пат им изгоре и Босанците зглавија во Подгорица.