Бившиот прв човек во Формула 1, Берни Еклстон стана татко на 89 години

Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстон доби син на 89 годишна возраст со двојно помладата Фабијана Фоси (44).

Иако зввучи сето ова за рубрика „верувале или не“, Елкстон сега има и четврто дете, а синот го крстиле Ејс.

„Имаме син, го крстивме Ејс. Толку сум горд“, објавил Еклстон.

Сопругата Фабијана, посочила дека лесно поминало породувањето.

„Беше толку лесно. Породувањето траеше 25 минути. Му благодарам на Бог“, објавила таа.

За контроверзниот Британец ова е трет брак, а од претходните два има три ќерки, од која најстарата Дебора е 20 години постара од неговата актуелна сопруга, додека Тамара и Петра се во 30-те години од својот живот. Тамара има 35 години, а Петра 31 година.

Куриозитет од сето ова е што Еклстон во моментов има пет внуци, а сега добива син.