Бивша мисица со провокативна слика му го честиташе роденденот на Лацио (ФОТО)

Ако хулиганите на римски Лацио го прославија 119-от роденден на својот клуб со хаос во центарот на Рим, откако синоќа повредија девет полицајци во пресметката со органите на јавниот ред и мир, поранешната мисица на Италија, Манила Нацаро реши на провокативен и еротски начин да го честита роденденот.

Нацаро е голем навивач на Лацио, честопати може да се види во ВИП-ложата на „Олимпико“ на мечецвите на „орлите“. Таа пред две децении беше избрана за најубава Италијанка, а сега само облече дрес и ги прекрсти нозете за да не открие премногу и да не биде вулгарно.

„Драги Лацио, среќен роденден. Ова е подарок за тебе“, објавила бившата мисица.