Бивш тренер на Ц. Звезда збесна и тргна да го тепа судијата (ВИДЕО)

Поранешниот тренер на Црвена Звезда, Рикардо Са Пинто направи хаос на мечот меѓу Естегал и Гл Гохар во Иран, кога во финишот збесна по судиска одлука и тргна да го тепа арбитарот.

Судијата му покажа црвен картон на Португалецот поради бесната реакција, а тоа го налути уште повеќе, па тргна да се пресмета физички со него додека членовите на стручниот штаб едвај го задржаа.

На крајот интервенираше и обезбедувањето кое успеа да го изнесе Португалецот од теренот.