Легендарниот тенисер Борис Бекер деновиве ужива во Шпанија, и тоа со новата девојка Лилија Де Карвалјо.

Фотографиите од нивниот одмор веднаш се појавија на интернет, а притоа реагираше и поранешната сопруга на Бекер, Лили, која не беше љубезна кон Лилијан.

„Во текот на периодот ти си втора девојка во седум месеци која на мојот син му подготвува доручек, пица и палачинки. Стани девојко. Како мајка, те молам да го почитуваш мојот син и да се тргнеш. Фотографирај се, држи се за рака, уживај во одморот со Бекер, но остани подалеку од син ми“, напиша Лили, која по кратко време ја тргна објавата од Твитер.