Бекам сам ќе си финансирал документарец за неговиот живот и кариера

Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам, кој беше своевремено најкомерцијалниот играч на светот, толку се воодушевил од серијалот за кошаркарската легенда Мајкл Џордан, „последниот танц“, што сака да се сними таков документарец и за него.

Како што објавија англиски медиуми, Бекам е подготвен сам да го финансира и да го продуцира документарецот за неговиот живот и неговата кариера, а сето тоа требало да оди преку компанијата „Студио 99“, во која тој е сопственик и од лани почна со работа.

Наводно, Бекам веќе преговара со двете најпопуларни ТВ-платформи, Нетфликс и Амазон, околу прикажување на тој серијал. Англиските медиуми посочуваат дека поголем дел од документарниот серијал, а Бекам посакува исто како џордановите десет епизоди, поголемиот дел од истиот да се базира на неговиот живот после фудбалот и патот до оснивањето на новиот клуб во МЛС-лигата, Интер Мајами.