Баркли откри: Сигурно 15 пати загубив на коцка по милион долари на ден!

Една од големите НБА легенди и член на првиот американски „дрим-тим“ Чарлс Баркли призна дека бил голем зависник од коцка и дека губел и по милион долари на ден играјќи покер.

Сѐ повеќе спортисти откако вртоглаво почнаа да бидат плаќани се зависници од покер, а Баркли е еден од првите што почнал да губи сериозни пари и признава дека неговите пријатели го гледале како – најголем идиот.

„Јас сакам да победувам насекаде. Секогаш е убаво кога ќе победите, посебно кога станува збор за пари. Слушам луѓето сакале акција. Јас не сакам акција, сакам пари. Секогаш е без врска кога губите, а слатко кога победувате. Јас со коцкањето тоа што успеав беше да го сменам менталитетот, не се обидувам да освојам големи пари, туку само да победам. Неколкупати само сум освоил милион долари на ден, а сум загубил многу повеќе“, вели баркли.

Откри дека петнаесетина пати во животот има изгубено по еден милион „зелени банкноти“.

„Сигурно едно 15-ина пати имам загубено милион долари на ден. Не сум баш сигурен точно колку се, зашто зборуваме за 80-те и 90-те години, но знам дека еден период отиде предалеку сето тоа со коцкањето. Две години престанав да се коцкам. Тогаш моите пријатели ми велеа: 'коцкањето не е твој проблем, зашто ти си само – идиот'. Кога ги прашав зошто? Ми одговорија дека со мене седеле на маса, а сум бил 500-600 илјади во плус, ама поради желбата да дојдам до милион не се откажував и губев потоа сѐ“, додава Баркли.