Азар сними реклама за хамбургери и ги налути сите во Мадрид (ФОТО)

Белгискиот репрезентативец Еден Азар стигна во Реал Мадрид од Челси за 115 милиони евра пред две години, но не ги оправда очекувањата и настапи на само 43 меча, а постигна пет гола.

„Кралевите“ се загрижени поради повредите на Азар, но и неговиот проблем со килограмите, а сега Белгиецот пронајде начин како дополнително да ги изнервира навивачите на шпанскиот тим.

Познато е дека Азар ужива во брзата храна и често има вишок на килограми, а сега сними и реклама за нови хамбургери, кои го добија името по прекарот на белгиската репрезентација, односно „црвените ѓаволи“.