Ужас во Србија: Се обесил екс-фудбалер на Партизан!
Во српските медиуми веќе се појавија и првите детали за трагедијата во која наводно 46-годишниот Нухи самиот си го одзел животот. Телото на поранешниот фудбалер било пронајден во семејната куќа во Борча, а неофицијалните информации говорат дека извршил самоубиство со бесење.
Полицијата веќе започнала увид, по кој ќе бидат познати повеќе информации за трагедијата која го погоди српскиот фудбал.
Ајаздин Нухи пред повеќе од десет години ја заврши својата играчка кариера во дресот на Колубара, но фудбалската јавност најмногу го памети по настапите во дресот на Партизан.
Нухи во Партизан пристигна во 2001 година од Чукарички, а во Белград се враќаше уште неколку пати во текот на својата кариера. Покрај тоа, настапуваше и за Легија од Варшава, Смедерево, Зета Голубовци, ОФК Београд, Могрен, Напредок и БСК од Борча.