И Французите ќе го разочараат Инфантино

Францускиот фудбалски сојуз ќе ја повлече поддршката за кандидатурата на Џани Инфантино за реизбор на чело на ФИФА следната година, објави денеска весникот „Ле Монд“, повикувајќи се на извор близок до случајот.

Инфантино, кој се кандидира за уште еден мандат како претседател на ФИФА, се соочи со критики поради начинот на кој ја поништи суспензијата на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун, откако доби црвен картон на Светското првенство, како и поради други прашања поврзани со управувањето со организацијата. Францускиот фудбалски сојуз не ја потврди информацијата, наведувајќи дека состанокот на Извршниот одбор на оваа тема сè уште не е завршен.

Ако информациите се покажат како точни Франција ќе го следи чекорот на најголем дел од европските федерации кои исто така веќе ја повлекоа поддршката за Џани Инфантино.

Инфантино во неделата потврди дека ќе се кандидира за нов мандат на чело на ФИФА во март 2027 година, функција која ја извршува од 2016 година. Во моментов тој е единствениот потврден кандидат.