ФФМ го казни Вардар - парично и еден натпревар без публика!

Фудбалската федерација на Македонија денеска донесе одлуки за повеќе казни, меѓу кои и за дуелот на Вардар и Арсими.

Вардар за викендот го победи Арсими со 2-0, но овој дуел беше одбележан и со протестот на навивачите против актуелното раководство. Поради случувањата на дуелот Вардар е парично казнет со 3.000 евра, но и со забрана за присуство на публика на еден домашен натпревар.

Казната доаѓа во момент кога почнува бојкотот на навивачите за смена на управата на клубот предводена од Миленко Неделкоски. Навивачите веќе порачаа дека нема да се враќаат на трибините се додека не дојде до смена.

Останатите донесени одлуки на Дисциплинската комисија можете да ги прочитате – ТУКА.