Русинката Јулија Ефимова, шампионка во пливање, неодамна објави на Инстаграм провокативно видео на кое се гледа како во бикини вежба на тераса.

Пливачката се приклучи на акцијата да остане дома поради пандемијата на вирусот, а во исто време покажа како луѓето може да го користат времето во карантин.

Ефимова освен по успесите, позната е и по тоа што во кариерата двапати падна на допинг тест. Првата суспензија од 16 месеци ја отслужи од 2013 до 2015 година, а исто така беше во групата спортисти, кои паднаа на супстанцијата мелдониум, на која беше позитивна и тенисерката Марија Шарапова.

Видеото од нејзиниот тренинг на тераса може да го погледнете ТУКА.