Апсурд во Полска: Шампионот има стадион како од англиска петта лига! (ФОТО)
Раков Честохова првпат во својата историја стана шампион на Полска. Минатите две сезони завршуваше на второто место, но сега го исполни сонот, бидејќи има 11 бода пред второпласираната Легија, на три кола пред крајот. Клубот, веројатно, малку им е познат дури и на оние кои повнимателно следат европски фудбал низ годините, а дека нема некоја фудбалска традиција говори и сликата од неговиот стадион.
Миејски стадион пикарски „Раков“ собира само 5.500 гледачи и, иако изгледа средено, делува како тренинг центар или стадион на некој тим од петта лига во Англија. Градот Честохова има 215.000 жители, па сигурно дека ваков стадион не соодветствува со неговите потреби, камо ли со имиџот на еден шампион.
Спротивно на тоа, Екстракласа ја напушта Лехија Гдањск, екипа која има брилијантен стадион. „Полсат пулс“ арена, како што е именувана сега, е еден од стадионите кои беше изграден во служба на ЕП 2012, во Полска и во Русија и собира близу 42.000 гледачи. За жал, следната сезона тие ќе гледаат второлигашки фудбал.
