Ако се чудевте за пеналот синоќа, видете го подарокот за Реал во 1960! (ВИДЕО)

Пеналот за Роналдо досуден во 93. минута, со кој Реал Мадрид „преживеа“ и се пласира во Лигата на шампионите предизвика општа дебата во светската фудбалска јавност и мнозинско мислење дека „кралскиот клуб“ доби подарок.

Меѓутоа, ако некој сметаше дека ова на Роналдо било подарок, тогаш погледнете каков смешен пенал добил Реал пред 58 години. Во финалето во 1960 година, меѓу Реал и Ајнтрахт, Пушкаш му додал топка во простор на Пинто, а овој едноставно влегол во обичен тркачки дуел, кој денес се случува на секој чекор од фудбалскиот терен. 

Главниот судија отишол до својот помошник на консултација и резултатот бил - пенал. Оваа одлука можеби не била така пресудна како оваа синоќа за Роналдо, со оглед дека Реал веќе водел со 3-1 против Ајнтрахт кога бил досуден пеналот. Конечниот резултат на таа средба бил 7-3.

Очигледно, кокетирањето меѓу Реал и судиите не е од вчера.