На 11 септември заврши меѓународниот турнир во Скопје „WTT Youth Star Contender Скопје“. Настапија повеќе македонски пингпонгари, меѓу учесниците од бројни држави од странство, а за најдобар играч е прогласена 14-годишната Јан Јутонг од Кина.

На турнирот земаа учество околу 120 играчи каде покрај нашата репрезентација дојдоа едни од најдобро рангираните играчи во свет од следните држави: Австрија, Белгија, Германија, Франција, Кина, Јапонија, Кинески Тајпеј, Бугарија, Хрватска, Колумбија, Англија, Грција, Унгарија, Индија, Ирска, Израел, Италија, Мексико, Полска, Португалија, Норвешка, Кореа, Словачка, Шпанија, Шведска, Тајланд, Порторико. Наши играчи кои настапија се: Александар Јакимовски и Стојчев Лука во категорија У15 момчиња поединечно и двојки, Фани Јовановска, Софија Хасану и Изабела Ковачовска во категорија У15 женски поединечно и двојки, Ана Стојановска и Катерија Лаура Михајлов во категорија У19 женски поединечно и двојки. Во категорија У15 мешани двојки исто така ќе настапат Александар Јакимовски, Стојчев Лука, Фани Јовановска и Изабела Ковачовска.

На 7 и 8 септември се играа натпреварите во машка конкуренција, во У15 и У19 категории поединечно и двојки. Победник во категорија У19 беше Maciej Kubik од Полска, а второто место го освои Hayate Suzuki од Јапонија. Победник во категорија У15 беше Huang Xunan од Кина, а второто место го освои Flavien Coton од Франција. Во категорија двојки У15 победија Huang Xunan и Kang Youde од Кина пред Flavien Coton и Natham Lam од Франција.

Во категорија двојки У19 победија Hayate Suzuki и Kazuki Yoshiyama од Јапонија пред Daniel Berzosa од Шпанија и Rogelio Castro од Мексико. На ден 09.09.2022 се играа натпреварите од мешани двојки во категории У19 и У15. Победници во категорија У15 беа Канг Јуде и Шу Хуијао од Кина, пред нивните соиграчи Huang Xunan и Yan Yutong од Кина. Во категорија У19 победници беа Yashaswini Ghorpade од Индија и Оскар Бирел од Порто Рико пред Petek Borna од Хрватска и Cheng Pusyuan од Кинески Тајпеј.

На ден 10.09.22 и 11.09.22 се играа натпреварите во женска конкуренција во У15 и У19 категории поединечно и двојки. Победничка во категорија У19 беше Yan Yutong од Кина пред Xiang Junling од Кина. Во категорија У15 победи: Yan Yutong од Кина пред Yoo Yerin од Јужна Кореа. Во категорија двојки У15 победија Yan Yutong и Xu Huiyao од Кина пред Natalija Bogdanowicz и Zofia Sliwka од Полска. Во категорија двојки У19 победија Kim Seongjin и Lee Daeun од Јужна Кореа пред Pavade Prithika и Charlotte Lutz од Франција.

Како најдобар играч на турнирот е прогласена Yan Yutong која со само 14 години успеа да освои 3 медали во својата категорија и еден медал во категорија повисоко односно категорија У19. По повод добрата игра на кинеските играчи во посета дојде и амбасадорот на НР Кина во Македонија, н.е г-дин Џанг Ѕуо. Од страна на луѓето задолжени за турнирот Tiago Viegas,Bart Vermoesen,и Werner Thury, добиени се позитивни оценки за организацискиот дел, и силна поддршка за нови предизвици. Довербата е наградена со потпишување на договор за организација на турнирот за период 2023-2025 година.