Мајнц со еден гол го освои Менхенгладбах

Фудбалерите на Мајнц триумфираа на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах со 1-0 и така го обезбедија третиот триумф сезонава во Бундеслигата.

Борусија си направи големи проблеми, откако Итакура доби директен црвен картон во 53. минута, по што Мартин само две минути подоцна ја затресе мрежата на домаќините за водство од 1-0.

Мајнц по пет одиграни кола се наоѓа на петтата позиција со 10 бода, односно два повеќе од Борусија, која е на деветто место.