Проблеми за Инзаги: Интер ослабен во ЛШ и италијанското дерби
Како што сега стојат работите повредите на Чалхноглу и Франческо Ачерби не се толку наивни и тоа ги загрижува луѓето во стручниот штаб.
Интер утре ќе игра натпревар против Јанг Бојс во Берн, а потоа в недела на „Џузепе Меаца“ ги чека дербито со Јувентус.
Двајцата фудбалери сигурно нема да настапат против Швајцаријата, но веројатно ќе ги нема и против Јувентус.
„Скај Спорт Италија“ пренесува дека мали се шансите тие да играат во дербито. На табелата Интер по осум одиграни кола е втор со 17 бода и има само бод повеќе од ривалот кој е трет.