Најдобриот фудбалер на Мундијалот во 2010 година станува тенисер

Славниот напаѓач, Диего Форлан на 45 години ќе започне кариера како професионален тенисер, пренесуваат медиумите во неговата татковина.

Според информациите, тој ќе игра во двојки на „Челинџер“ турнирот во Монтевидео, а партнер ќе му биде Федерико Корија кој минатата година успеа да дојде до 49. позиција на АТП листата.

Низ кариерата Форлан покрај Атлетико Мадрид каде што остави најдлабока трага играше уште за: Манчестер Јунајтед, Виљареал, Интер. 

Одлични настапи имаше и за репрезентацијата на Уругвај на која играше на светските првенства во 2002 и 2010 година. На Мундијалот во 2010 Форлан беше и најдобар стрелец на турнирот со пет гола, но ги доби и наградите за најубав гол и најдобар играч на турнирот.