Не може без фудбал: Иниеста ја заврши играчката и почнува тренерска кариера

Легендарниот шпански фудбалер Андрес Иниеста неодамна објави крај на својата играчка кариера, но очигледно нема да остане долго без фудбалот.

Стрелец на голот за светска титула на Шпанија на Мундијалот во 2010 година запишал тренерски курс што го организира Фудбалскиот сојуз на Обединетите Арапски Емирати по кој ќе добие лиценца за работа со можност да стане прв тренер или помошник во стручен штаб. Со оглед на својата долга играчка кариера и големото искуство, секако ќе има што да им пренесе на помладите фудбалери.

Со тоа Иниеста ќе тргне по стапките на својот долгогодишен соиграч Чави кој стигна и да биде тренер и да освои шампионска титула со Барселона.