Фудбалер останал без три прсти откако во рака му експлодирала петарда

Тежок инцидент се случил во текот на викенд на натпревар од четвртата белгиска регионална лига меѓу Менен и Зилебек.

Во главна улога бил фудбалерот на Менен, Фабио Скиафино кој загубил еден прст, а уште два му се делумно ампутирани затоа што во раката му експлодирала петарда. Не се работи за обична петарда, туку таканаречена Кобра која има разорно дејство. Еден навивач ја фрлил на теренот, Скиафино ја земал за да ја тргне оттаму, но му експлодирала во раката.

„Кога чадот се расчисти, забележав дека дел од моите прсти ги нема“, изјави Скиафино кој е сместен на интезивна нега во болница во Бриж.

Интересно е тоа што инцидентот се случил на неговиот 26. роденден. Во врска со него, полицијата привела едно 21-годишно лице, но по испитувањето, го пуштила на слобода.