Кербер се откажа од Ју-Ес опен: Бремена сум, да играм два на еден - не е фер!
Поранешната најдобра тенисерка во светот соопшти дека е бремена и поради тоа ќе прави пауза од тениските терени, по што повторно сака да заигра.
„Во следните месеци ќе направам пауза од патување. Ќе ми недостигате, но ова не е крај на мојата кариера. Навистина сакав да играм на Ју-Ес опен, но решив дека не би било фер да играм два на еден“, се пошегува Кербер.
Кербер во минатото освои три гренслем-титули, и тоа во 2016 година Австралијан опен и Ју-Ес опен, а две години подоцна го освои Вимблдон.