УЕФА ги објави кандидатите за фудбалер и тренер на годината (ФОТО)

Европската фудбалска унија (УЕФА) ги соопшти имињата на тројцата фудбалери кои ќе се борат за наградата за најдобар фудбалер во годината, но и кандидатите за најдобар тренер.

Во потесниот избор по гласањето на тренерите и новинарите се наоѓаат Карим Бензема од Реал Мадрид, како и неговиот тимски колега Тибо Куртоа, но и ѕвездата на Манчестер сити, Кевин Де Брајне.

Во конкуренција на тренери во потесниот избор се Карло Анчелоти од Реал Мадрид, Јирген Клоп од Ливерпул и Пеп Гвардиола од Манчестер сити.

Минатата година наградата за најдобар фудбалер му припадна на италијанскиот репрезентативец и фудбалер на Челси, Жоржињо.

Наградите ќе бидат доделени на 25 август во Истанбул на ждрепката за групната фаза во Лигата на шампиони.