Македонија во финалето на Европското првенство во „Кантер страјк“ (ФОТО)

Македонската е-спорт репрезентација денеска ќе игра финале на Европското првенство во „Кантер страјк глобал офензив“ што се одржува во Орадеа, Романија. 

Нашите репрезентативци вчера во полуфиналето ја совладаа Србија со 2-1 и во мечот за европскиот трон ќе се сретнат со селекцијата на Украина, која пак беше подобра од Шведска.

Финалето вечерва се игра од 19 часот, а пренос ќе има на платформата „Твич“.