Марковски тргна со Работнички, на првиот тренинг ги посети – Елиф Елмас (ФОТО)
И изненадување на тренингот беше македонската ѕвезда Елиф Елмас, поранешниот фудбалер на Работнички, сега член на Наполи кој ги посети и го гледаше тренингот, па им посака среќа во работата и добра подготовка за новата сезона и многу подобри резултати.
Тројца новаци има во Дебар Маало и тоа екс-младинскиот репрезентативен голман Игор Алексовски, кој дојде од Ренова, Иво Јанакиевски од Скопје и Филип Бошковски, кој минатата сезона играше за Пелистер.
\