Официјални состави: Мурињо офанзивно тргнува по нов европски трофеј (ФОТО)

Италијанска Рома и холандски Феенорд ќе се судрат вечерва (21 часот) во Тирана во првото финале од Конференциската лига на УЕФА, па познати се стартните состави на двата тима за битката за пехарот.

Рома го брка својот прв европски трофеј после Купот на Саемските градови од 1961 година, додека Феенорд атакува на четвртиот по една европска круна во 1970 и два трофеи во Купот на УЕФА, последниот пред точно 20 години.

Жозе Мурињо, кормиларот на Рома, кој нема загубено финале и сега има шанса да биде прв со сите можни европски прхари, тргнува офанзивно во формација со Абрахам како шиц, Мхитарјан, Пелегрини и Ѕаниоло како поддршка за англискиот центарфор.

Типично холандски, Арне Слот, тренерот на Феенорд влегува во мечот со формација 4-3-3.