Шевченко откри кој спортист ѝ помогнал најмногу на Украина

Легендарниот украински напаѓач и поранешна ѕвезда на Милан, Андриј Шевченко даде интервју за медиумите во неговата татковина и кажа дека еден фудбалер помогнал многу за време на војната.

Шевченко кажа дека доаѓа помош од сите страни за Украина, но најмногу помогнал напаѓачот на Баерн Минхен, Полјакот Роберт Левандовски.

„Левандовски направи многу работи на различни нивоа, испраќа секаква помош и тоа ме радува. Исто така, имаме поддршка од Англија и Италија. Верувам дека еден ден ќе запре оваа војна, а потоа и другите земји ќе ѝ помогнат на Украина“, кажа Шевченко.