Шаповалов го исфрли Надал од Рим – лоша најава на Шпанецот пред Роланд Гарос!

Денис Шаповалог го елиминираше вечерва Рафаел Надал во осминафиналето на турнирот во Рим и после дво ипол часовна битка во три сета (1-6, 7-5, 6-2) го победи, што е втора брза елиминација за најтрофејниот тенисер на неговата омилена земјена подлога и лоша најава пред настапот на вториот годинешен гренслем Роланд Гарос.

Иако Надал најави дека брзопотезно и експресно ќе оди во четвртфинале откако го доби првиот сет со 6-1, маките на Шпанецот почнаа во вториот сет во кој Шаповалов имаше 4-1, но шестиот гем на свој сервис го загуби за да го врати Шпанецот во мечот, кој притоа одбрани сет поен во десетиот гем, ама на свој сервис во 12-от го загуби за Шаповалов да израмни освојувајќи го со 7-5.

Клучниот теет сет почна со по загубен свој сервис на двајцата тенисери, а откако Шаповалов без загубен поен го освои петтиот гем за да поведе со 3-2, следеше негов брејк на сервис на Надал и тука практично го скрши Шпанецот, за на крајот „кралот на земјата“ да спаси три меч топки, но четвртата не успеа за да остане во игра и го загуби мечот со 2-6.

Надал пред една недела испадна во четвртфиналето на Мастресот во Мадрид, кога загуби од тинејџерот Карлос Алкараз, кој на крајот и го освои турнирот.