Отворањето на Еуро 2024 во Минхен, финалето во – Берлин!

Европската фудбалска унија (УЕФА) одреди денеска дека отворањето на претстојното Европско првенство во 2024 година во Германија своето отворање ќе го има во Минхен, на „Алијанц Арена“ на 14 јуни.

Еуро 2024 ќе се игра од 14 јуни до 14 јули во 11 градови, а УЕФА на три региони ги подели градовите домаќини и групите за овој континентален собир ќе бидат составени и ќе се играат во регионите за да се избегнат подолгите патувања.

Првиот регион е север-североисток со Берлин, Хамбург и Лајпциг, вториот е западен регион со Дортмунд, Диселдорф, Франкфурт, Гелзенкирхен и Келн, а третиот јужен со Минхен, Франкфурт и Штутгарт.

Финалето на Еуро 2024 ќе се игра на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин.