Норвешка без милост ја реши Полска, Данска беше подобра од Исланд

Норвешките ракометари тргнаа со триумф од 42-31 против Полска во втората фаза од Европското првенство (ЕП), додека Данска ги искористи проблемите на Исланд со ковид-19 и го совлада со 28-24.

Норвежаните одиграа одлично прво полувреме во кое постигнаа дури 21 гол во мрежата на Полска и ја најавија својата победа, а Полјаците не успеаа да се спротистават ниту во вториот дел на разиграниот ривал, па така на крајот загубија со 31-42.

Најдобар во победничкиот тим беше Бартхолд со 10 голови, а Сагосен постигна девет, додека Морито погоди девет пати за Полска.

Норвешка со убедливиот триумф се вклучи во трката за полуфинале, па сега дури пет селекциите имаат по два бода, и тоа се Норвежаните, но и Германија, Русија и Шведска, додека Шпанија е лидер со четири бода.

Исланд имаше подобар почеток на натпреварот и во поголемито дел од првото полувреме водеше со еден гол разлика (11-10), но ракометарите полека почнаа да го губат здивот во завршницата, а тоа знаеше како да го искористи Данска, која на полувреме замина со 17-14.

Данците во вторите 30 минути доминираа на теренот и не му дозволија на противникот да се закани посериозно, освен еднаш да стигне до гол негатива (18-19), по што триумфираа со 28-24.

Гидсел постигна девет голови за репрезентацијата на Данска, додека Магнусон беше најдобар кај Исланд со осум погодоци.

Данска по денешниот триумф има четири бодови во првата група, колку што има и Франција, додека по два имаат Исланд и Црна Гора, а Хрватска и Холандија се без бодови.