Моментот кога Ферстапен остана без пол-позиција во С. Арабија (ВИДЕО)

Лидерот во Формула 1 шампионатот Макс Ферстапен имаше голема можност да ја освои пол-позицијата за трката во Саудиска Арабија, но немаше среќа во завршницата од квалификациите затоа што удри со неговиот болид во заштитниот ѕид.

Возачот на Ред Бул имаше одлични квалификации, но на последниот свиок неговиот заден дел заврши во оградата по што мораше да ги прекине квалификациите за да не го оштети дополнително својот болид.