Уредникот на „Франс Фудбaл“: Ќе размислиме за „Златна топка“ за Левандовски
Полјакот дефинитивно требаше лани ја го добие признанието, но во 2020 година „Франс Фудбол“ реши да не ја организира церемонијата, односно да не додели награда поради коронавирусот.
Новинарите го прашаа главниот уредник на „Франс Фудбaл“, Паскал Фере дали е возможно Левандовски да ја добие „Златната топка“ за 2020 година сега една година подоцна.
„Не треба да брзаме со ваква одлука. Можеме да размислуваме долго за вакво нешто. Не можеме да бидеме сигурни дека Левандовски ќе ја добиеше наградата лани, бидејќи немаше гласање“, рече Фере.
Доколку магазинот „Франс Фудбaл“ организира гласање меѓу новинарите, „дали Левандовски лани ја заслужи наградата?“, веројатно одговорот ќе биде 100 отсто - да!