Касилјас распука по „Франс Фудбал“ откако Меси ја доби „Златната топка“
Еден од луѓето кои не се сложуваат со изборот на „Франс Фудбал“ е поранешниот голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас.
„Тешко ми е да им верувам на фудбалските награди. За мене Меси е еден од најдобрите во историјата, но мора да знаете како да ги подредите најдобрите во една сезона. Не е толку тешко, по ѓаволите“, кажа Касилјас.