Левандовски почека да се смири бурата, па испрати порака преку Инстаграм (ФОТО)

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси по седми пат во кариерата ја освои „Златната топка“, иако многумина сметаат дека тоа е незаслужено бидејќи Полјакот Роберт Левандовски имаше одлична година и тој требало да биде освојувач на престижната награда.

Меси доби најмногу гласови во изборот, по што кажа дека Левандовски ја заслужил наградата затоа што имал најмногу гласови, но сигурно тоа не е голема утеха за полскиот напаѓач, кој почека да заврши церемонијата, па да испрати порака преку Инстаграм.

„Прво сакам да му честитам на Меси за освојување на наградата. Сакам да се заблагодарам на новинарите кои гласаа за мене. Ја освоив наградата за најдобар напаѓач на годината, но ниту еден фудбалер не може да освои признание без помош од навивачите и тимот. Благодарност до Баерн кој ми даде можност да успеам и да ги остварам соништата. И најважното, голема благодарност до моето семејство“, напиша Левандовски.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Robert Lewandowski (@_rl9)