Кој ќе ја добие „Златната топка“ за 2021 година?
Добитникот на најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот не е познат, но шпекулациите низ медиумите велат дека Лионел Меси ќе ја добие својата седма „Златна топка“.
За многумина најголем фаворит е Роберт Левандовски, кој изминативе неколку сезони игра во врвна форма. Полјакот беше најголем фаворит и минатата година, но организаторот на наградата магазинот „Франс фудбал“ реши да не ја додели наградата, бидејќи имаше неколку месечна пауза во сезоната поради пандемијата.
Меѓу 30-те номинирани за ова признание се и Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Кевин де Брајне, Хери Кејн, Жоржињо, Енголо Канте и други.