„Ф1 е емоција, талент, ризик и брзина, но моќта на парите е немилосрдна!“
Џовинаци се јави со кратка порака по одлуката на Алфа Ромео да го тргне од листата со возачи за следната сезона.
„Формула 1 е емоција, талент, болид, ризик, брзина, но моќта на парите е огромна и немилосрдна. Ако ова е моја прва фотографија во Формула 1, тогаш последната уште не е направена“, напиша Џовинаци.
Италијанецот беше дел од Алфа Ромео од 2019 година, а за промената во тимот се шпекулира дека големо влијание имале спонзори од Кина.