Елмас: Мора да се кренеме од ова, зашто ќе биде уште потешко!
Елмас кажа дека Македонија се наоѓа во тежок момент затоа што веќе седум натпревари нема постигнато гол, па затоа мора да се работи повеќе за да се извлечат од тешката ситуација.
„Реално беше многу лошо денеска, многу е тешко, тешко е да се зборува. Заслужено победи Шкотска. Ние сме во многу тежок момент. Сега на сите играчи им е тешко, мене ми е многу тешко, треба да научиме од оваа тешка ситуација. Од седум натпревари, ниту една победа и нула постигнати голови, мора нешто повеќе да се направи. Тоа е фудбалот, мора да се кренеме од ова, ако не ќе биде уште потешко. Ние сите сакаме да победиме, треба да ни е јасно дека сме под нивото на оваа група. Мора максимално да бидеме фокусирани и максимално да работиме. Да извадиме максимум од наредниот натпревар и да се спремиме за ноември. Мора многу повеќе да работиме“, вели Елмас.