Македонија стана светски хит - поради кучето што влета на терен! (ФОТО)

Македонските фудбалери загубија и од Шкотска (0-2) во Лигата на нации, но по натпреварот во центар на внимание е кучето што влета на терен во воведните минути.

На стартот на натпреварот едно куче накратко го прекина мечот, откако влезе на теренот по голот на Шкотска и се прошета, а потоа редарите помогнаа да биде изнесено.